Заврши мирниот протест на ГП Богородица

ПРОТЕСТ !!!
26/03/2021
Список готови картички
27/04/2023

Заврши мирниот протест на ГП Богородица

26 март 2021 г. со почеток од 15 часот, беше одржан мирен протест на македонските транспортери во соработка со грчката асоцијација на транспортери OFAE, поради продолжување на рестриктивните мерки што ги воведе грчката влада за заштита од Ковид-19 кои сеуште се применуваат на ГП Богородица, покрај ветувањето дека ќе бидат повлечени.

Со овој протест, транспортните компании го кренаа гласот за полесен проток на транспортниот сообраќај и пократко задржување на возачите на граничниот премин Евзони за влез во Грција.

Трите приоритети, за кој беше организиран овој протест,

– 24/7 работно време на Евзони;

– Отварање со целосно или делумно работно време на Дојрани и Меџитлија;

– Мерење температура на возачите, а тест само доколклу има симптоми за тоа;

 

Доколку не бидат прифатени барањата за слободен проток на стоки и хуман третман на возачите, следниот протест ќе биде со целосно блокирање на ГП Богородица во соработка со Асоцијацијата на грчките превозници OFAE, која има можност да се блокира и ГП Промахонас.