Технички преглед (постапка за регистрација)

Задолжителната проверка на техничката исправност на возилото (технички преглед) се извршува со цел да се провери и утврди техничката исправност на возилото за негово непречено и безбедно вклучување во јавниот патен сообраќај. Доколку со проверката се потвди дека резултатите од техничкиот преглед се позитивни и согласно важечките прописи, тогаш следува негова регистрација.

Техничкиoт преглед опфаќа проверка и контрола на техничка исправност на составните делови, самостојните технички единици и опремата на возилото, а се состои од следниве чекори:

  • Проверка на возната постројка и каросеријата односно самоносечката конструкција
  • Проверка на моторот и погонските уреди
  • Проверка на уредот за управување
  • Проверка на уредот за сопирање
  • Проверка на светлосните и светлосно-сигналните уреди
  • Проверка на контролните и сигнални уреди
  • Проверка на уредите што овозможуваат нормална видливост
  • Проверка на оските, тркалата и пневматиците
  • Проверка на уредот за давање на звучни сигнали
  • Проверка на уредот за испуштање на согорени гасови
  • Проверка на уредот за спојување на влечно и приклучно возило
  • Проверка на останати уреди, делови и ознаки на возилото
  • Проверка на опремата во возилото
  • Проверка на емисијата на издувни гасови
  • Проверка на бучавата што ја емитува возилото