Потребна документација за влез

ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПРИЕМ  ВО ТИР-СИСТЕМОТ

  1. Влезна гаранција за прием во ТИР системот во износ од 3.000,00 USD (Гарантно писмо од осигурителна копанија).
  2. Царински сертификат (Уверение за одобрување)
  3. Решение од Централен регистар на Р. Македонија (не постаро од 6 месеци)
  4. Оценка на ликвидноста со мислење од Централен регистар на Р. Македонија
  5. Лиценца за фирмата за меѓународен превоз на стока
  6. Сообраќајни дозволи (камион, влекач и полуприколка)
  7. Картон за депонирани потписи од банка
  8. Лична карта на директорот
  9. Полномошно за подигање и враќање на ТИР-карнети (доколку не ги подига/враќа директорот)
  10. Потпишана Декларација за согласност за влез во ТИР системот, потпишана од управителот или основачот.
  • Освен претходната документација, доколку транспортерот извршува превози во земјите од Европска Унија, потребно е да има EORI број, кој се добива на граничните премини на зeмјите членки на ЕУ, а најчесто нашите транспортери го добиваат на царинската испос- тава Евзони, кај шпедициите Стефанидис и Фарос. За да добиете EORI број, потребно е Тековната состојба од Централниот регистар да ја преведете на грчки јазик (од овластен судски преведувач) и истата да ја оверите на нотар.
  • Исто така потребно е да имате специјален печат за ТИР карнетите. Формата, димензиите и содржината на печатот е следна:

 

      MKD/065/1234             (Број од ТИР Системот)

IME NA FIRMA

1000 Skopje, R. Makedonija

Ul. Ime na ulica i br.

Tel. ++389 22222222

EORI: ABCD1234567890

 

Напомена:    Печатот треба да е изработен со латинично писмо со максимална висина на отпечатокот од 22 милиметри.

Жиро с-ка за уплата на ТИР карнети:

Централна кооперативна банка – 320100023724261

Цената на ТИР карнетите е следната:

  • 14 лисни – 5.350,00 ден.,
  • 6 лисни ПП  2.890,00 денари.

Подетални информации во на тел: (02) 3 298 967, лок. 112