Дозвола за движење во полициски час

Лефтер Андонов: Професионалните возачи од херои до жртви
18/02/2021
ПРОТЕСТ !!!
26/03/2021

Дозвола за движење во полициски час

Почитувани,

Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на ограничено движење и истата ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење ќе важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена, од компаниите кои се регистрирани за работа во смени. За валидност на дозволата, производствените капацитети и другите компании кои работат во трета и четврта смена во времетраење на полицискиот час, потребно е пропишаниот образец да го вчитаат на нивен меморандум, со потпис и печат од одговорното лице во правното лице.

Образецот и целосната информација за работа за време на полициски час може да најдете на следниот линк.

Ве потсетуваме на законската обврска за пријава на ноќна работа. Имено, согласно член 127 од Законот за работните односи, работодавачот кој користи работници за ноќна работа во ноќна смена меѓу 22,00 часот и 6,00 часот, должен е да ја извести инспекцијата на трудот (Државен инспекторта за труд), Министерството за внатрешни работи и да го достави истиот и на е –маил адресата info_zpvrsm@gs.gov.mk. На info_zpvrsm@gs.gov.mk се доставува список на лица за кои е издаде дозвола за работа во полициски час (не копија од дозволите).