СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ од своето формирање во 1953 година до денес има континуиран развој во своето работење, како по бројот на вработени, така и по однос на приходите, при тоа градејќи позитино мислење и доверба кај членките и клиентите. Како Асоцијација формирана заради артикулирање, остварување и унапредување на заедничките цели на членките, АМЕРИТ постојано се стреми кон подобрување на условите на транспортерите. Постигнатите децениски резултати се огромен влог кој во иднина треба заеднички да го надградуваме.

Имам чест да бидам избран за Управител на транспортната асоцијација АМЕРИТ во годината кога се одбележува 65 годишнината од нејзиното основање. Голем предизвик за мене е да продолжам да ја водам нашата најстара транспортна асоцијација по успешниот пат, заеднички и со здружени сили со одличниот тим на вработени, но и со членките. Сакам да потенцирам дека пред мене е и огромна одговорност за продолжување на успесите на АМЕРИТ. Заедно со вработените ќе продолжиме да работиме во насока на подобрување на условите на товарниот и патничкиот сообраќај во Република Македонија, приближувајќи го транспортниот сообраќај поблиску до европскиот и светскиот пазар.

Нашата девиза останува и понатаму “Онаму каде што сте Вие”.

Со почит,

Лефтер Леси Андонов

Управител