Сертификати за АДР возачи

Сите возачи на товарни возила  кои превезуваат опасни материи треба да поседуваат АДР сертификат. Надлежна институција за издавање на АДР сертификатот за возачите е Министерство за транспорт и врски. Овој сертификат се добива по посетување на соодветната обука и полагање на стручен испит.Центарот за Обука на СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ е  овластен од погоре наведеното министерство да врши обуки за возачите кои превезуваат опасни материи и да издава потврди за спроведената обука .

Кандидатите заинтересирани за добивање на АДР сертификат за возачи треба да се пријават во Центарот за обука, за слушање обука и полагање испит.Пријавувањето за обука треба да се изврши најдоцна до денот на спроведување на обуката, додека пријавувањето за испит мора да се изврши најдоцна три работни дена пред испитот. Центарот за Обука во интерес на кандидатите ја превзема обврската да достави соодветна пријава за испит и потврда за обука до Министерството за транспорт и врски.

Потребна документација за пријавување за обука и испит за адр возачи:

– Пријава
– Фотокопија од возачка дозвола
– Фотокопија од адр сертификат (доколку има важечки)
– Барање за изработка на адр картичка
– Фотографија 3,5×4,5
– Уплата за предавање, материјали и испит
– Уплата за изработка на адр картичка
– Уплата 400 ден . за административна такса

По положениот испит, кандидатите кои го положиле испитот го подигнуваат уверението за положен испит, како и АДР сертификатот, или од Министерство за транспорт и врски или од Центарот за обука –Америт

По истекот на четвртата, а пред завршување на петтата година од важност на сертификатот, возачите на опасни материи можат да ја обноват важноста за уште пет години, по олеснета процедура.

Кандидатите испитот го полагаат по електронски пат, на компјутер. За положен испит се смета оној на кој кандидатот одговорил точно на минимум 80% од прашањата.

Испитите се полагаат на:

Европски универзитет Скопје                                                                                   
Бул. “Климент Охридски” 68, 1000 Скопје

Превземи пријава ТУКА.