Едноставна процедура, зголемена добивка

 

      Сите транспортни компании кои се  регистрирани како даночни обврзници можат да остварат право на поврат на ДДВ за одредени набавени продукти и услуги во странство.
СИЗ “Македонија cообракај” -АМЕРИТ е ваш прифесионален  партнер  кој ви помага да го остварите правото на поврат на ДДВ  каде што му е местото- на вашата сметка.
Соработуваме со домашни и странски компании. На располагање сме за сите прашања во врска со повратот на ДДВ.


Нудиме квалитетна услуга:

 

  • Поврат на ДДВ од сите европски земји во кои постојат услови
  •  Поврат на ДДВ за странски компании од Македонија
  • Следење ДДВ регулатива
  • Минимална административна процедура
  • Најбрза можна постапка

Проценти на ДДВ од пооделните земји и минималните износи кои се потребни за да се аплицира за повратот на ДДВ на квартално и годишно  ниво:

 

земја ддв стапка квартално  валута годишно валута
Австрија 20% 400 50
Белгија 21% 400 50
Бугарија 20% 400 BGN 50 BGN
Aнглија 20% 130 GPB 16 GPB
Данска 25% 3.000 DKK 400 DKK
Ирска 23% 400 50
Луксембург 17% / 250
Норвешка 25% 2.000 NOK 200 NOK
Полска 23% 1.600/400 PLN/€ 200/50 PLN/€
Словенија 22% 400 (6месеци) 50
Финска 24 % 400 50
Франција 20% 400 50
Холандија 21 % 400 50
Шведска 25% 4.000 SEK 500 SEK
Србија 20% / / 200

 


Регистрација за поврат на ДДВ
-Без грижа за формалностите, регистрирајте се и заштедете пари

СИЗ Македонија Сообракај АМЕРИТ  овозможува:

  •  Регистрација за поврат на ДДВ во сите земјите од каде што вршиме поврат
  • Средувањето на целокупната документација
  •  Контакти со странските даночни управи
  •  Навремено доставување на сметки до странските органи
  •  Навремена исплата на ДДВ

 Периоди за доставување на документација

-Крајни рокови

 

Доколку се исполнети минималните износи за поврат на ДДВ вашите фактури може да се процесираат  квартално.
Фактурите за секој фискален квартал треба да се достават не подоцна од 15 дена по завршетокот на секој кавратал.

Квартал: Крај на квартал: Краен рок за испраќање фактури:
1 31 Март 15 Април
2 30 Јуни 15 Јули
3 30 Септември 15 Октомври
4 31  Декември 15 Јануар

Сите задоцнети фактури за определен квартал ќе се процесираат како дел од вашето годишно побарување. Сите фактури со кои се затвара годината треба да се донесат најдоцна до 31 март.

Сметките треба да ги содржат следните податоци:

  •  Датум на издавање (датум на фактура)
  • Број на фактура
  •  Назив на снабдувач или назив на компанија, седиште и ДДВ идентификационен број
  •  Назив и количина на стоката или услугата
  • Податоци на компанијата на клиентот
  • Јасно изразено ДДВ и ДДВ стапка, нето износ на сума и бруто износ на сума на сметка

Оддел за поврат на ДДВ од странство
Тел: + 389(2) 3298 224 лок.107