ФОРУМ НА ИРУ ЗА ЛОГИСТИЧКИ И ИНОВАТИВНИ УСЛУГИ „ПОДГОТВУВАЊЕ ЗА ДИГИТАЛНА ЛОГИСТИКА“

TRANSPORT AND LOGISTICS #147
02/03/2018
Електронскa наплата на патарина во Словенија од 1 април 2018
12/03/2018

ФОРУМ НА ИРУ ЗА ЛОГИСТИЧКИ И ИНОВАТИВНИ УСЛУГИ „ПОДГОТВУВАЊЕ ЗА ДИГИТАЛНА ЛОГИСТИКА“

Во организација на ИРУ, на 12-ти април во Амстердам ќе се одржи IRU Logistics & Innovation Solutions, Форум за логистички и иновативни решенија на тема „Подготовување за дигитална логистика“. На форумот, ИРУ, во соработка со своите членки, ќе ја собере патната транспортна и логистичка индустрија за да ги претстави најновите дигитални реше- нија, како платформите за размена на сто- ки, EETS, електронските документи, новите телематски карактеристики и практиките за споделување податоци. Настанот ќе им овозможи на транспортните оператори да дознаат за најновите и идните барања за транспортни операции од главните шпедитери и платформите за е-трговија. Исто така, транспортните оператори ќе можат да разменуваат искуства едни со други и да воспостават заеднички деловни врски, како и со клучните меѓународни шпедитери и истакнати даватели на услуги. Тие, исто така, ќе можат да дознаат за идните развојни пазари од водечките купувачи на транспортни услуги, како Амазон, на пример.

– Дигитализацијата е клучен отскок помеѓу сегашната практика и целосно ефикасната и автоматска иднина. Затоа, се појави како јасна тема, која влијае на секој аспект на транспортот и логистиката. Повеќето од темите на дневен ред на Форумот се прашања за кои се дискутираше меѓу членовите на ИРУ во Комисијата за услуги на ИРУ во изминатите две години и тие претставуваат клучни прашања за пошироката индустрија. Темите произлегоа од визионерската работа на водечките здруженија членки, како и од внимателното следење на трендовите на пазарот. Инаку, настанот е платформа за лидерите на пазарот да соработуваат со здруженијата членки на ИРУ. Тоа е нова иницијатива, создадена како одговор на зголемениот интерес од пошироката индустрија во работата што ја работиме и во потенцијалот за идентификување на заемно корисни деловни инте- реси помеѓу давателите на услуги и транспортните оператори и нивните асоцијации, како што е АМЕРИТ – вели Жељко Јефтиќ, раководител за глобални иновации на ИРУ.

Во Амстердам ќе се зборува за најновите трендови во дигиталните транспортни и логистички услуги: од размена на стоки до електронска такса, при што десет говорни- ци и осум даватели на услуги ќе ги прикажат своите транспортни и логистички продукти во живо и со видео-демонстрации на нивните решенија. Меѓу другите, ќе учествуваат и претставници на: Амазон Европа, DKV, Transfollow, AEOLIX и многу други. Ова е прв инаугуративен настан на IRU Logistics & Innovation Solutions, а во 2016 и 2017 година, 36 национални транспортни здруженија и стопански комори од над 30 земји учествуваа на настаните за услуги и иновации на ИРУ, претставени од директорите на комерцијалните услуги. Заедно, тие претставуваат повеќе од 559.500 членови, главно транспортни оператори од цела Европа и пошироко.

Регистрирање за присуство на настанот на: Irusolutions.iru.org.