Ве информираме дека министерството за транспорт и врски изврши прелиминарна распределба на автобуски линии за 2018 година.
Вкупно 91 апликација беа поднесени за нови или промена на веќе постоечки автобуски линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот патен сообраќај. Од нив 26 апликации беа за вршење на меѓуопштинскиот превоз на патници и 65 апликации за меѓународен превоз на патници.
Врз основа на прелиминарната распределба:
– За меѓуопштински превоз на патници одобрени се 12 апликации, 1 апликација е делумно одобрена а 13 се одбиени.
– За меѓународен превоз на патници одобрени се 35 апликации, 3 апликации се делумно одобрени и 27 се одбиени.
Распределбата на автобуски линии се врши врз основа на критериуми утврдени во Законот за превоз во патниот сообраќај и Правилникот за начинот, постапката и поблиските критериуми за одобрување на возни редови за нови линии и за промена на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот превоз на патници и за формата и содржината на образецот на дозволата и на возниот ред.
Финалните листи од прелиминарната распределба на автобуските линии за меѓуопштински и меѓународен превоз на патници можете да ги најдете тука:
http://www.mtc.gov.mk/preliminarna-raspredelba-na-avtobuski-linii-za-2018-godina-