Следниот испит за добивање сертификат за возачи, за превоз на опасни материи (АДР) ќе се одржи во среда, на 25.01.2017 година, во просториите на испитниот центар Асеко, на ул. Христо Смирненски бр. 30, ламела 1, Скопје-Центар.
Обуката за испитот ќе се одржи на 18.01.2017 во 09:00 часот во Центарот за Обука на АМЕРИТ.
Полагањето на испитот се врши електронски, и се состои од: 50 прашања со понудени одговори (за основниот курс-церада), и 35 прашања за специјалистички курс за цистерни, а испитот се смета за положен со успешно одговорени 80% од прашањата. Доколку кандидатот успешно одговори на најмалку 70% од прашањата, ќе биде упатен на усмен испит.
Потсетуваме дека АДР сертификатот има важност од 5 години. Возачите имаат можност да го обноват истиот по истекот на четвртата година, при што ќе имаат помалку прашања на испитот, и ќе заштедат на трошоци за обуката, која за овие возачи чини помалку.
Сите испитни прашања можете да ги најдете на: http://e-prasanja.mk/QBank/PublishQuestions/
Часот на полагање на испитот ќе ви го испратиме преку СМС порака веднаш по добиената информација од Министерството за транспорт и врски, најдоцна еден ден пред испитот.
Центарот за обука на АМЕРИТ, како дел од Академијата на ИРУ спроведува програми за обука на возачите за превоз на опасни материи (АДР), усогласени со европските стандарди. Обуката ја вршат меѓународно и национално сертифицирани инструктори, со примена на современи и интерактивни методи.
Искористете ја можноста да добиете квалитетна обука и да се стекнете со пошироки знаења од областа на патниот транспорт, и да добиете меѓународна диплома за превоз на опасни материи (АДР).
Ви стоиме на располагање и за посебни обуки прилагодени на вашите потреби, како што е обука за часови за возење и одмор и дигитални тахографи (без надомест), за користење на ТИР Карнети и друга транспортна документација, користење на ТИР-ЕПД апликацијата, рационално и еко возење, безбеден натовар и обезбедување на товарот.
Достапни сме на (02)3298 224