ТИР-ЕПД
Електронската пред-декларација на ТИР или ТИР-ЕПД им овозможува на транспортните оператори да ги испраќаат однапред информациите за стоката транспортирана со ТИР постапка на царинските органи во секоја земја одеднаш, по пат на ТИР. ТИР-ЕПД е бесплатна веб-базирана апликација достапна на 18 јазици и во 32 земји.
Подеднакво важна и за царинските органи и за транспортните оператори, ТИР-ЕПД им помага на царините да извршат претходна проценка на ризикот и да ја намалат измамата, а транспортните оператори да бидат поефикасни.
Електронската пред-декларација е задолжителна за Европската унија, Евроазиската царинска унија, Иран и Украина. Во многу други земји, исто така, се препорачува доставување на EPD, бидејќи дозволува да се олесни преминувањето на границите.
Бенефитот на ТИР-ЕПД
- За Царината:
-Ја олеснува и обезбедува трговијата.
-Овозможува напредна анализа на ризикот.
-Ги забрзува процедурите за преминување на границата.
-Нема рачен внес на податоци.
-Овозможува проценка на приходите.
-Безбеден пренос на податоци.
-Овозможува усогласување со барањата на Конвенцијата за Хармонизиран Транзитен Систем.
- За Превозниците:
-Пристап до апликацијата преку Интернет на сите царини без давачки за брокер.
-Повеќејазичен концепт “Едношалтерски систем” за испраќање на ЕПД истовремено на сите релевантни царини.
-Ги олеснува процедурите за преминување на границите.