UTA картички
Задоволство ни е да ве информираме дека СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ официјално започна соработка со UTA (UNION TANK Eckstein GmbH & Co. KG).
UTA (UNION TANK Eckstein GmbH & Co. KG) е водечка компанија за издавање на картички за безготовинско плаќање на гориво и други услуги за транспорт на комерцијални стоки и транспорт на патници. Како мулти-бренд систем за набавка за цела Европа заедно со нивниот системот за безготовинско плаќање на стоки и потребни попатни услуги, на пазарот постојат повеќе од 50 години нудејќи го своето знаење и експертиза.
Располагаат со голема мрежа од над 62,000 места каде се прифатени нивните картички во 40 европски држави. UTA е помеѓу водечките компании за сервисни картички на пазарот.
Јасни и детални мапи ќе ве водат преку мрежата на UTA во Европа. Мрежата на бензински станици опфаќа повеќе од 49.000 бензински станици ширум Европа кои се прилагодени за камиони, од кои над 12.000 бензински станици се во Германија каде што UTA картицата секогаш е добредојдена.
Во својата понуда имаат повеќе видови картички од кои најширока употреба има UTA full service card, со која се врши безготовинско плаќање на гориво во мрежата на UTA, плаќање на патарини, тунели, мостови, траект, поправки во работилници, шлеп служба, царинење, купување и промена на гуми, паркинг услуги….
Најновиот UTA производ однеодамна што предизвика бум на европскиот пазар е UTA One. UTA One e интероперабилен апарат за плаќање на патарини, кој се заснова на двоен хибриден систем со најголема покриеност во Европа: Италија, Франција, Белгија, Шпанија, Португалија, Австрика, Германија, Полска (A4).
Покрај останатото, се нудат и други услуги како враќање на ДДВ (брзо и стандардно), софтвер за управување со флота, UTA Drive & Save®.
За сите потребни дополнителни информации ви стоиме на располагање!
Контакт:
Александра Глигориевска,
email: aleksandra@amerit.org.mk
тел: 02/3298 224, лок. 100