Задолжителната проверка на техничката исправност на возилото (технички преглед) се извршува со цел да се провери и утврди техничката исправност на возилото за негово непречено и безбедно вклучување во јавниот патен сообраќај. Доколку со проверката се потвди дека резултатите од техничкиот преглед се позитивни и согласно важечките прописи, тогаш следува негова регистрација.
Техничкиoт преглед опфаќа проверка и контрола на техничка исправност на составните делови, самостојните технички единици и опремата на возилото, а се состои од следниве чекори:
- Проверка на возната постројка и каросеријата односно самоносечката конструкција
- Проверка на моторот и погонските уреди
- Проверка на уредот за управување
- Проверка на уредот за сопирање
- Проверка на светлосните и светлосно-сигналните уреди
- Проверка на контролните и сигнални уреди
- Проверка на уредите што овозможуваат нормална видливост
- Проверка на оските, тркалата и пневматиците
- Проверка на уредот за давање на звучни сигнали
- Проверка на уредот за испуштање на согорени гасови
- Проверка на уредот за спојување на влечно и приклучно возило
- Проверка на останати уреди, делови и ознаки на возилото
- Проверка на опремата во возилото
- Проверка на емисијата на издувни гасови
- Проверка на бучавата што ја емитува возилото