Сите возачи на товарни возила и автобуси кои превезуваат стоки и патници надвор од територијата на Р.Македонија, треба да поседуваат сертификат за возачите вклучени во меѓународниот транспорт. Надлежна институција за издавање на сертификатот за возачите вклучени во меѓународниот транспорт е Министерство за транспорт и врски. Овој сертификат се добива по посетување на соодветната обука и полагање на стручен испит. Центарот за Обука на СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ е овластен од погоре наведеното министерство да врши обуки за возачите и да издава потврди за спроведената обука за професионалните возачи.
Кандидатите заинтересирани за добивање на сертификатот за возачи треба да се пријават во Центарот за обука, за слушање обука и полагање испит. Пријавувањето за обука треба да се изврши најдоцна до денот на спроведување на обуката, додека пријавувањето за испит мора да се изврши најдоцна пет дена пред испитот. Центарот за Обука во интерес на возачите ја превзема обврската да достави соодветна пријава за испит и потврда за обука до Министерството за транспорт и врски.
Потребна документација за пријавување:
- Пријава
- Уплата за предавање, материјали и испит
- Kопија од важечка македонска возачка дозвола
- Копија од важечка лична карта
По положениот испит кандидатите треба да поднесат барање за изготвување на сертификатот во Министерство за транспорт и врски. Кон барањето се приложува и уплата од 100 ден. административна такса и копија од лична карта.
Кандидатите испитот го полагаат по електронски пат, на компјутер. Испитот се сосотои од 45 прашања. За положен испит се смета оној на кој кандидатот одговорил точно на минимум 60% од прашањата.
Испитите се полагаат на:
Европски универзитет Скопје
Бул. “Климент Охридски” 68, 1000 Скопје