Потребни документи за продолжување на регистрација (возила кои претходно биле регистрирани):
- Барање за регистрација (се комплетира и изготвува во МОТО АМЕРИТ)
- Сообраќајна дозвола од возилото
- Лична карта од сопственикот, доколку возилото е во сопственост на физичко лице
- Полномошно од фирма за овластено лице за регистрација, доколку возилото е во сопственост на правно лице
- Осигурување од авто-одговорност – полиса (Полиса од сите осигурителни компании може да се обезбеди во станицата за технички преглед на МОТО АМЕРИТ)
Потребни документи за возила кои прв пат се регистрираат:
- Барање за регистрација (се комплетира и изготвува во МОТО АМЕРИТ)
- Фактура за купопродажба од возилото
- Царинска потврда / царинска декларација за возилото
- Потврда за сообразност (хомологација на воилото)