Како се пополнува EPD прирачник

TIR-EPD

-Во првиот чекор автоматски е внесен бројот на печатот од фирмата, и веднаш се оди на вториот чекор.

  • Itinerary – Маршута

-Во вториот чекор се внесуваат земјите од почеток на ТИР-от до завршетокот на  ТИР-от по редослед како се движи рутата.

-Во третиот чекор се внесува почетната царина и излезот и влезот на секоја држава, односно граничните премини до крајната или одредишна царина.

-Во четвортиот чекор се внесува податоци за влекачот и приколката, и податоците на возачот.

-Во петиот чекор се внесуваат фирмите испраќач и фирмите примач во полето ‘‘Consigment 1‘‘ или ‘‘Пратка 1‘‘.

Во ‘‘Goods item 1‘‘ или ‘‘Ставка на стока‘‘ се внесуваат податоци за стоката, во полето за тарифен број се внесува 6 цифри од тарифниот број на документите, и со клик на двогледот од десната страна на полето, го проверуваме тарифниот број, каде што од таму копираме опис што е најсоодветен за стоката која е запишана на документите.

Се внесува бруто килажа.

Се внесува вид на пакување, број на пакети, и во полето  ‘‘Marks and numbers‘‘ или поточно ‘‘Броеви и ознаки‘‘, таму секогаш внесуваме ‘‘NO‘‘

Во полето ‘‘Attached documents‘‘ или ‘‘Прикачени документи‘‘ кое се наоѓа во ставката на стоката, таму прикачуваме број на фактура и датум, и број на CMR  и датум.

  • Send – Испрати

-Во шестиот чекор кој е и последен чекор од  декларацијата, го внесуваме бројот на карнетот и датумот на важност, и ја правиме финалната проверка. Полето ‘‘Accept terms and conditions‘‘ го штиклираме , пополнуваме место каде се изработува декларацијата, и клик на ‘‘Send ‘‘ или ‘‘Испрати‘‘ за да ја поднесеме декларацијата.

*Сите полиња што се со ѕвездичка се задолжителни!