TIR-EPD
- Carnet – Карнет
-Во првиот чекор автоматски е внесен бројот на печатот од фирмата, и веднаш се оди на вториот чекор.
- Itinerary – Маршута
-Во вториот чекор се внесуваат земјите од почеток на ТИР-от до завршетокот на ТИР-от по редослед како се движи рутата.
- Customs operations – Царински испостави
-Во третиот чекор се внесува почетната царина и излезот и влезот на секоја држава, односно граничните премини до крајната или одредишна царина.
- Vehicle info – Податоци за возилата
-Во четвортиот чекор се внесува податоци за влекачот и приколката, и податоците на возачот.
- Consignments – Пратки
-Во петиот чекор се внесуваат фирмите испраќач и фирмите примач во полето ‘‘Consigment 1‘‘ или ‘‘Пратка 1‘‘.
Во ‘‘Goods item 1‘‘ или ‘‘Ставка на стока‘‘ се внесуваат податоци за стоката, во полето за тарифен број се внесува 6 цифри од тарифниот број на документите, и со клик на двогледот од десната страна на полето, го проверуваме тарифниот број, каде што од таму копираме опис што е најсоодветен за стоката која е запишана на документите.
Се внесува бруто килажа.
Се внесува вид на пакување, број на пакети, и во полето ‘‘Marks and numbers‘‘ или поточно ‘‘Броеви и ознаки‘‘, таму секогаш внесуваме ‘‘NO‘‘
Во полето ‘‘Attached documents‘‘ или ‘‘Прикачени документи‘‘ кое се наоѓа во ставката на стоката, таму прикачуваме број на фактура и датум, и број на CMR и датум.
- Send – Испрати
-Во шестиот чекор кој е и последен чекор од декларацијата, го внесуваме бројот на карнетот и датумот на важност, и ја правиме финалната проверка. Полето ‘‘Accept terms and conditions‘‘ го штиклираме , пополнуваме место каде се изработува декларацијата, и клик на ‘‘Send ‘‘ или ‘‘Испрати‘‘ за да ја поднесеме декларацијата.
*Сите полиња што се со ѕвездичка се задолжителни!