26 март 2021 г. (петок) со почеток во 15 часот, закажан е протест на македонските транспортери поради продолжување на рестриктивните мерки што ги воведе грчката влада.
АМЕРИТ, по големиот број на барања за оддржување на протест, ги запази сите законски мерки за пријавување на одржување на протест.
Протестот ќе трае од 15:00-19:00 часот, предупредувачки протест за промена на одлуката на грчката влада. На истиот, ќе се договорат идни мерки, доколку не се исполнат нашите барања, заеднички и со поддршка од грчката асоцијација на транспортери ОФАЕ.
Три приоритети за кои протестираме се:
– 24/7 работно време на Евзони;
– Отварање со целосно или делумно работно време на Дојрани и Меџитлија и
– Мерење температура на возачите, а тест само доколклу има симптоми за тоа.
Ве очекуваме утре пред граничниот премин Богородица. Ве молиме достоинствено и со строго почитување на мерките за заштита од Ковид-19 да се избориме за слободен проток на стоки и хуман третман на нашите возачи!
Со почит,
Лефтер Андонов, управител
СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ