OЕО Работилница – 29 ноември 2018 година во Царинската управа

Премостување на јазот во иновациите, на Светскиот конгрес на ИРУ во Оман
19/11/2018
Анкета
22/11/2018

OЕО Работилница – 29 ноември 2018 година во Царинската управа

Ви ja проследувамe поканата за настанот за Промовирање на концептот за овластен економски оператор (ОЕО) во Република Македонија и неговото значење за економските оператори, кој го организира Царинската управа на Република Македонија.

Настанот ќе се одржи на 29 ноември 2018 година во Царинската управа на Република Македонија со почеток во 10:00 часот. Програмата може да ја погледнете тука.

Со оглед на тоа што концептот на ОЕО е исклучително интересен и може значително да придонесе кон поедноставувањето и забрзувањето на царинските постапки и олеснувањето на трговијата, очекувам дека ќе предизвика интерес и за Вашата компанија/институција.

Љубезно Ве молам да го потврдите учеството на Вашиот претставник кај Билјана Гаџовска, biljana.gadzovska@customs.gov.mk, најдоцна до 22 ноември 2018 година.