Известување за сите возачи – Потребна виза за Швајцарија

ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА бр.161
27/05/2019
Ограничувања во сообраќајот за тешки товарни возила во Тирол во текот на јули и август
15/07/2019

Известување за сите возачи – Потребна виза за Швајцарија

Амбасада на Швајцарија во Република Северна Македонија известува дека:

 

Во согласност со важечките одредби, на возачите од Република Северна Македонија кои превезуваат стока и лица (превоз на нередовна основа) не им треба работна дозвола (освен за возачите на редовни автобуски линии, за кои е потребна работна дозвола). Меѓутоа, меѓународниот превоз до и/или од Швајцарија на патници (автобуски линии за редовни услуги, повремени туристички транспортни услуги, железнички транспорт) и на стока со камион или воз, се смета за платено вработување во Швајцарија. Според тоа, возачите треба да добијат виза уште од првиот ден. Ова се однесува на возачи кои се самовработени во Северна Македонија или распоредени од компанија од Северна Македонија или друга земја која не е членка на ЕУ/ЕФТА.

Ве молиме, имајте предвид дека меѓународниот превоз на патници или стока кој само транзитира преку Швајцарија не се смета за платена работа. Освен тоа, барањето за виза не важи за лица кои имаат долготрајна дозвола за престој издадена од земја од Шенген зоната или важечка виза од тип C или D.

Возачите имаат обврска самите однапред да се информираат за условите за влез во земјата, за што треба да ги контактираат надлежните швајцарски органи.

Барањата за виза треба да бидат поднесени до Регионалниот конзуларен центар во Приштина. Барателите мора да ја поднесат нивната апликација за виза лично во компанијата TLScontact на следнава адреса:

TLScontact, Ahmet Krasniqi, Object C1-1, No. 145, ground floor, Arberia/Dragodan.

За повеќе информации, јавете се на телефонскиот број на СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ: 02 329 8967.