Семинар со цел унапредување и подобрување на патниот и товарниот сообраќај

Oфицијални колективни акции и мерки за управување со сообраќајот, Велика Британија – Франција
20/03/2019
АКТИВНОСТИТЕ ВО ТУНЕЛОТ MONT BLANC ВО АПРИЛ 2019
01/04/2019

Семинар со цел унапредување и подобрување на патниот и товарниот сообраќај

Од 28 до 30 март, 2019 година во Охрид се одржува семинар организиран од државниот инспекторат за транспорт со цел унапредување и подобрување на патниот и товарниот сообраќај. Семинарот го отворија директорот на државниот инспекторат за транспорт г-дин Руфат Хусеини и управителот на СИЗ “Македонија сообраќај” – АМЕРИТ, г-дин Лефтер Андонов. Претставници од Министерство за транспорт и врски и СИЗ “Македонија сообраќај” – АМЕРИТ земаа активно учество на семинарот.

На семинарот преку заеднички дискусии се разгледуваат теми кои го засегаат патниот и товарниот сообраќај со цел да се донесат заклучоци и да се изнајдат решенија за унапредување и подобрување на истите. Темите кои се на дневниот ред се однесуваат на:

– Превозот на патници и мерки за унапредување на патничкиот сообраќај
– Одржувањето на јавните патишта и оцена на безбедноста на истите како и влијанието на безбедноста врз сите учесници во сообраќајот
– Превозот на стока и заштита на јавните патишта при превезување на стоки
– Режим на сообраќајот на јавните патишта и негово регулирање и подобрување
– Работно време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај
– Превозот на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, надзор и прекршочните одредби кои се однесуваат на превозот на опасни материи

На семинарот се опфаќаат и разгледуваат законите кои се од суштинско значење за патниот и товарниот сообраќај како:

– Закон за превоз во патниот сообраќај (превоз на патници и превоз на стока)
– Закон за работно време на мобилните работници во патниот сообраќај
– Закон за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај

Дводневните дискусии на учесниците се очекува да резултираат со сумирање на заеднички заклучоци за темите кои се на дневен ред, како и идните чекори кои треба да се превземат и да се имплеменираат со цел унапредување и подобрување на патниот и товарниот сообраќај.