Ристо Вуков ја продолжи беспрекорната соработка со АМЕРИТ

Информација
01/03/2019
Тунел Мон Блан: Целосно прекинување на сообраќајот поради церемонијата по повод 20-годишнината од пожарот во 1999 година
14/03/2019

Ристо Вуков ја продолжи беспрекорната соработка со АМЕРИТ

Нашиот, во моментов најперспективен автомобилист, потпиша нов договор со Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија Сообраќај АМЕРИТ, за продлжување на соработката која што трае на задоволство на двете страни.

„Огромна благодарност што 4 успешни сезони, оваа асоцијација стои зад мене и во ниту еден момент не престана да верува во мене. Јас враќам и ќе враќам со најдоброто од себе, во секоја секунда помината на патеките, со логото на АМЕРИТ на моето возило и на мојата униформа.“ – рече Вуков.

Веќе четврта година во низа, АМЕРИТ стои зад Рико, кој што се натпреварува во соседна Србија и во Македонија, а македонскиот возач остварува одлични резултати во најмасовната конкуренција кај северниот сосед.

„Ние, како интресна заедница која што тежнее постојано да биде на врвот во својата област, го препознавме квалитетот на Рико и ја продолжуваме соработката која што се надеваме дека нема да застане тука, туку заедно ќе одиме секогаш во подобри резултати.“ – изјави директорот на АМЕРИТ, Лефтер Леси Андонов.

Целта на Вуков, за следната сезона е настап во некое од силните натпреварувања на Стариот континент, за што ќе му биде потребна стабилна поддршка од стабилни партнери. Како знак на благодарност за поддршката што ја добива, Вуков му подари на Андонов скромен подарок во форма на урамена тимска маичка, која што ќе ја краси канцеларијата на управителот на АМЕРИТ.