Документацијата за поврат на патна такса од Јавно претпријатие за државни патишта

ЛИСТА НА ПРЕВОЗНИЦИ СО ДОДЕЛЕНИ ЕКМТ -У6
28/01/2019
ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА бр.158
11/02/2019

Документацијата за поврат на патна такса од Јавно претпријатие за државни патишта

Почитувани членки,

Согласно Член 7 од Одлуката за висината, начинот на плаќање, евиденција и контрола на надоместокот за употреба на јавните патишта за моторните и приклучните возила (патна такса), („Службен Весник на Р.Македонија“ 81/08), имателите на моторните и приклучните возила со кои се врши меѓународен сообраќај имаат право да бараат враќање на уплатениот износ сразмерно на времето што моторното и приклучното возило го поминале надвор од Република Македонија. Барањето за враќање на износот се поднесува до Јавното претпријатие за државни патишта (на формуларите превземени од WEB сајтот-подолу ), а кон барањето задолжително се доставува доказ за времето што возилото го поминало надвор од Република Македонија, копија од извод од банка за Платен надоместок за Јавни патишта и копија од сообраќајна дозвола од возилото. Збирното барање за враќање на исносот што се поднесува во тековната година треба да се однесува на цела измината година.

Ве известуваме дека оваа година при поднесувањето на документацијата за поврат на патна такса од Јавно претпријатие за државни патишта покрај редовната документација која ја поднесувате треба да поднесете и изјава за веродостојноста на поднесените ЦМР обрасци.

Доколку во изминатиот период имате поднесено документација за поврат на патна такса како дополнување на предметот треба да ја доставите и оваа изјава.

Контакт: vrakjanje_patnataksa@roads.org.mk

Овде можете да ја преземете изјавата од Јавно претпријатие за државни патишта:

izjava-jpdp

Извор:http://www.roads.org.mk