ИТАЛИЈА – COVID-19 мерки
10/04/2020
Известување за Барање за дозвола
30/04/2020

БУГАРИЈА – COVID-19 мерки

Ажурирана информација на 26.04.2020г.

Во Бугарија задолжително е носење на маски за лице за сите, вклучуваји ги возачите, во отворени и затворени јавни места, мерка која ќе важи до 13 мај 2020 г.

Освен ова, мерките што се однесуваат на возачите се изменети. За странските возачи кои доаѓаат од земји со регистрирани случаи на COVID-19 важат следниве правила:

–          Возачите на товарни возила кои вршат транспорт на стоки во Бугарија, треба да влезат, да направат истовар или натовар и веднаш да ја напуштат територијата на Бугарија;

–          Возачите на товарни возила кои транзитираат низ Бугарија, треба да ги користат само коридорите одредени од Агенцијата за патна инфраструктура.

Здравствените служби на границите, на возачите ќе им даваат да потпишат формулар ПРЕВЗЕМИ ФОРМУЛАР  во кој ќе биде наведен датум и време кога треба да ја напуштат Бугарија и граничен премин на кој ќе излезат од територијата на Бугарија.

 

Извор: AEBTRI, Асоцијација членка на ИРУ