Најнова информација за дозвола за работа во време на полициски час 08.04.2020

Дозволите за движење на работници за време на полициски час ќе важат и за викенд
06/04/2020
ТУРЦИЈА – COVID-19 мерки Ажурирана информација 10.04.2020 г.
10/04/2020

Најнова информација за дозвола за работа во време на полициски час 08.04.2020

Пристапот до информации и обрасци/формулари на веб страницата на АМЕРИТ е слободен за сите, можете да ги симнете, отпечатите и пополнете со цел да ги почитувате законските решенија донесени со мерките за COVID-19.

Важно е дозволите за движење  да бидат со нов датум, кој е по 6 април, кога се донесени новите мерки за полициски час. Овие издадени дозволи од страна на работодавачот не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи, или надлежното ОВР. Производствените погони, фабрики и транспорт ќе продолжат да функционираат и во време на полицискиот час којшто од утре 8 април почнува од 16:00 часот и ќе трае до 5:00 часот следното утро секој работен ден, како и за време на викенд (од петок од 16:00 часот до понеделник до 5:00 часот).

Сите компании од производството и други дејности, кои ќе ги користат дозволите за движење на вработените во време на полициски час  и кои продолжуваат со производство, односно дистрибуција на потребни стоки, треба строго да ги применуваат сите заштитни протоколи и фито-санитарни препораки од страна на државниот санитарен и здравствен инспекторат и државниот инспекторат за труд, во насока на заштита на работниците и превенција од можно ширење на коронавирусот Covid 19.

На следните линкови можете да ги превземете:
Известување за работа во време на полициски час
Образец – Дозвола за движење на вработен за време на полициски час

Појаснување

– Производствените погони, фабрики и транспорт ќе продолжат да функционираат и во време на полицискиот час којшто од утре 8 април почнува од 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот следното утро секој работен ден, како и за време на викенд (од петок од 16:00 часот до понеделник до 05:00 часот).

– За оваа намена самите работодавачи ќе издаваат посебни дозволи за движење на работниците во време на полициски час исклучиво до и од работното место. Станува збор за истите дозволи коишто се издаваат на образецот усвоен од страна на кризниот штаб, а ги издаваат самите одговорни лица во компанијата.

– Во дозволата се наведуваат основните податоци за работникот, адресата на живеење, но и работното место и називот на компанијата во којашто работи лицето. При тоа, се наведува и смената во којашто е ангажиран работникот. Дозволата ќе биде потврда за движењето на работникот во услови на воведен полициски час и истата при контрола ќе треба да се приложи на увид до органите на државата. Дозволата за движење важи исклучиво за лицето на чиешто име е издадена.

Овие издадени дозволи од страна на работодавачот не треба да бидат заверени и потврдени од страна на Министерството за внатрешни работи, или надлежното ОВР

–   Согласно Законот за работни односи, работодавачот го организира работниот процес според потребите и условите, а во однос на прекувремената работа доколку има потреба истата може да се реализира така што при тоа треба да се почитува Законот за работни односи, чии одредби се важечки и во време на вонредна состојба, освен ако со уредба не е поинакуво уредено.

–   Кога станува збор за работа на терен и движење во 2-3 (повеќе) насоки, истото треба да се наведе како забелешка во дозволата и по можност да се наведе точната насока-рута по која се движи работникот.

За повеќе информации контактирајте не на info@chamber.mk или на тел. број 02-3091440.

Извор: Сојуз на стопански комори

Движење на транспортни средства – информација од Царина

За време на траење на полицискиот час, со исполнување на одредени услови (како

меѓународен транзитен документ Т1 или извозен придружен документ EXMK),

дозволено е движењето на стоки во транзитна постапка и поедноставена постапка на

извоз и увоз.

За време на полицискиот час дозволен е влез и на празни домашни и странски

камиони. Движењето на камионите се обезбедува со Потврда за влез на празен

камион од надлежен царински орган на граница, која служи како доказ пред

Министерството за внатрешни работи.

 

Извор: Царинска управа на Република Македонија