Најнова информација за дозвола за работа во време на полициски час 08.04.2020
08/04/2020
БУГАРИЈА – COVID-19 мерки
26/04/2020

ИТАЛИЈА – COVID-19 мерки

ИТАЛИЈА – COVID-19 мерки

На 7 април, Министерството за внатрешни работи достави инструкции за вработените во компании кои не се со седиште во Италија, а кои извршуваат меѓународен транспорт на стоки до или во транзит низ Италија.

Луѓето (вклучително и патнички персонал на странски компании) кои влегуваат во Италија со свое возило или со приватно превозно средство за оправдана/докажана работа, треба да се придржуваат кон следново:

–       Транзитот низ територијата на Италија мора да заврши за 72 часа. Периодот може да се продолжи за дополнителни 48 часа во случај на оправдана потреба.

–       По влегувањето во Италија, возачите мора да го известат Секторот за превенција (“Dipartimento di Prenvenzione”) на локалната здравствена организација (ASL) и да достават попонета изјава која можете да ја симнете овде. За ваша информација, ви го доставуваме и преводот на англиски јазик. Треба да се пополни формуларот на италијански јазик.

–       Возачите кои транзитираат низ Италија, мора да се придржуваат до дадените препораки. Дозволениот престој во земјата не смее да надмине 24 часа, кои можат да бидат продолжени на дополнителни 12 часа во случај на оправдана потреба.

ИРУ и асоцијаците членки од Италија советуваат возачите да се пријавуваат во местата назначени од Секторот за превенција, и да ја носат оригиналната изјава со себе, односно во возилото.

Self-declaration Italy drivers

IT form_translation into English

Извор: FIAP