Втор состанок на Националниот комитет за олеснување на трговијата

Се одржа Советување за состојбите за превоз на патници во домашниот и меѓународниот транспорт
12/04/2019
ТРАНСПОРТ И ЛОГИСТИКА бр.161
27/05/2019

Втор состанок на Националниот комитет за олеснување на трговијата

На 18април, 2018година(четврток),од 9:00 до 11:00 часот во просториите на Министерство за економија се одржа вториот состанок на Националниот комитет за олеснување на трговијата.

На дневниот ред се дискутираше за улогата на Одлуката за распоредување на форми на увоз и извоз во контекст на најновите промени во системот на единствена регулација на дозволите за увоз и извоз воведени со пуштањето во употреба на Единствената тарифна околина – ТАРИМ. Исто така се зборуваше за имплементацијата на препораките за реформирање на системот на дозволи и контроли произлезени од Анализата изработена од УСАИД РЕГ. Се сподели статусот на активностите за воведување заеднички гранични контроли со соседните земји. Се опфати и темата за динамиката на имплементација на Системот за електронска обработка на царински декларации и акцизни документи – СОЦДАД

На состанокот беа споделени информации произлезени од претходно одржани средби од областа на трговијата и информации за заедничко планирање на наредни средби:

– Информација за билатералната средба на претставници на Националниот комитет на Република Северна Македонија со делегацијата на Националниот комитет за олеснување на трговијата на Република Косово одржана на 10 април 2019 година.

– Информација за иницијативата за одржување билатерална средба со Националниот комитет за олеснување на трговијата на Република Грција и предлог-теми за средбата

На состаноците на Националниот комитет редовно присуствува претставник од СИЗ „Македонија сообраќај“ – АМЕРИТ со цел навремено да ги информира своите членки за новитетите во областа на трговијата.