АМЕРИТ – Полноправна членка на БСЕК УРТА

TRANSPORT AND LOGISTICS #150
20/06/2018
Од денеска бензините поевтинуваат за денар, а цената на дизелот останува иста
26/06/2018

АМЕРИТ – Полноправна членка на БСЕК УРТА

Со одлука донесена на 33 седница на Генералното собрание  на Унијата на асоцијации за патен транспорт во економскиот регион за соработка на Црното Море (БСЕК – УРТА), СИЗ “Македонија сообраќај” –  АМЕРИТ се стекна со полноправно членство во Унијата.

АМЕРИТ е членка на БСЕК – УРТА од 2016 година со статус набљудувач, но од 1 јануари 2019 година официјално ќе биде полноправна членка на Унијата, потврди Лефтер Андонов, управител на СИЗ “Македонија сообраќај” –  АМЕРИТ. Ова претставува одлична можност за АМЕРИТ да ги осознае најдобрите практики од 19те асоцијациите членки на Унијата. Ќе се трудиме, како и досега, стекнатото исксуство да го пренесеме и примениме во Р. Македонија со цел подобрување на транспортната индустрија во државата, истакна Андонов.

На средбата на Генералното собрание на БСЕК – УРТА, која се одржа на 8 јуни во Софија, Бугарија се дискутираше за теми од големо значење за државите членки на Унијата, а особен акцент се даде на одредени олеснителни мерки за намалување на долгометражните колони и часовите на чекање на граничните премини.

Унијата на асоцијации за патен транспорт во економскиот регион за соработка на Црното Море (БСЕК – УРТА) моментално брои 19 асоцијации членки. Главната задача на БСЕК – УРТА е, самоницијативно и независно, активно да го промовира развојот на патниот транспорт во земјите во црноморскиот регион, како и во регионите пошироко со цел застапување на интересите на своите членки.