Меѓународна соработка и акредитации

Центарот за обука на АМЕРИТ е дел од Академијата на ИРУ, која што е целосно посветена на креирање современи програми за обуки во транспортниот сектор, со раширена мрежа на акредитирани центри за обука ширум Европа. Со добиените акредитации за обука од страна на Академијата на ИРУ, центарот за обука на АМЕРИТ нуди квалитетни обуки со инструктори кои поседуваат меѓународни сертификати.

Центарот за обука на АМЕРИТ соработува со центрите за обука во регионот и во Европа, и заедно со нив учествува во проекти и програми за подигнување на квалитетот и стандардите за обука на возачите и на сите останати субјекти во индустријата за патен транспорт.