Сертификати за управители

Сите управители на транспортни компании кои превезуваат стоки и патници во или  надвор од територијата на Р.Македонија, треба да поседуваат сертификат за професионална компетентност на управителот или овластено лице. Надлежна институција за издавање на сертификатот за професионална компетентност на управителот е Министерство за транспорт и врски. Овој сертификат се добива по посетување на соодветната обука и полагање на стручен испит.Центарот за Обука на СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ е  овластен од погоре наведеното министерство да врши обуки за управителите и  да издава потврди за спроведената обука.

Кандидатите заинтересирани за добивање на сертификатот за управители треба да се пријават во Центарот за обука , за слушање обука и полагање испит.Пријавувањето за обука треба да се изврши најдоцна до денот на спроведување на обуката, додека пријавувањето за испит мора да се изврши најдоцна два дена пред испитот. Центарот за Обука во интерес на управителите ја превзема обврската да достави соодветна пријава за испит и потврда за обука до Министерството за транспорт и врски

Потребна документација за пријавување:
- Пријава
- Уплата за предавање, материјали и испит

По положениот испит кандидатите треба да подигнат уверение за положен испит од Министерство за транспорт и врски и да поднесат барање за изготвување на сертификатот.Кон барањето се приложува и уплата од 200ден. административна такса.

Кандидатите испитот го полагаат по електронски пат , на компјутер.Испитот се сосотои од два дела, прв и втор дел. Едниот дел се состои од 45 прашања, додека другиот дел од 30 прашања.За положен испит се смета оној на кој кандидатот одговорил точно на минимум 70% од прашањата, посебно за двата дела од испитот.Испитните прашања кандидатите можат да ги најдат и на web страната: www.e-prasanja.mk

Испитите се полагаат во АСЕКО на ул. Христо Смирненски бр.30 Скопје

Превземи пријава ТУКА