Често Поставувани Прашања

Во продолжение можете да ги проследите најчесто поставуваните прашања и соодветните одговори поврзани со тахографските системи и мемориските картички:

1. Што е дигитален тахограф?

Дигиталниот тахограф е контролен уред што се вградува во возилата за автоматско прикажување и запишување на податоците за движење на возилото и режимот на управување со возилото. Се снимаат податоци како: возење, пауза/одмор, работа, достапност, брзина, поминато растојание и други параметри. Податоците се снимаат во внатрешната меморија на уредот и на возачката картичка.

2. Дали е задолжително користењето на дигитални тахографи?

Задолжителната имплементација на дигиталните тахографи во камионите и автобусите, во ЕУ стапи во сила на 16 јуни годинава, со одлука на Европската комисија, а таа се однесува и за државите, кои не се членки на Унијата, но сообраќаат во неа. Меѓутоа, за 12 земји надвор од ЕУ, меѓу кои е и Македонија, рокот за примена на картичките се пролонгираше за почетокот на наредната година, до кога превозниците се должни да ги активираат дигиталните тахографи во своите автобуси и камиони, и тоа во работилница во првата земја, во која ќе влезат и која ја има завршено оваа обврска. А за нас тоа се: Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Хрватска и Италија. Контролите за примената на дигиталните тахографи, на национално ниво ќе ги вршат транспорните инспектори и полицијата, со задолжителна обврска за проверка на два процента од транспортните фирми годишно. Најстари возила со техничка можност за примена на дигитални тахографи се оние со Еуро 4 стандард, додека Еуро 3 возилата (каде што тое не може да се изведе) ќе може да сообраќаат во ЕУ до 2012 година.

3. Какви видови мемориски картички има?

Возачка картичка:

Мемориска картичка која ќе се користи секогаш кога управувате со возило опремено со дигитален тахограф. Во оваа картичка се меморираат активности на возачот и податоците од картичката мора да се архивираат на секои 28 дена. Возачката картичка се обновува на секои 5 години.

Картичка на превозникот:

Мемориска картичка која се издава на транспортната фирма и се користи за превозникот превземање на податоци од меморијата на тахографскиот уред. Компаниската картичка е клуч за да се овозможи превземање на податоци, но таа не ги чува преземените податоци. Картичката на превозникот е со важност од 5 години.

Работилничка картичка:

Мемориска картичка која се издава на одобрени работилници за инсталирање, активирање, калибрирање на дигиталните тахографи и снимање на податоци. Оваа картичка е со важност од 1 година.

Контролна картичка:

Мемориска картичка која се издава на контролните органи и со неа имаат пристап до сите податоци зачувани во дигиталните тахографи. Со оваа картичка може да се симнуваат податоци. Контролната картичка е со важност од 2 години.

4. Дали е можно да се превземаат податоци без употреба на компаниска картичка?

Не. Компаниската картичка е клуч за снимените податоци. Како и да е, ако е неопходно, овластена работилница може да ги превземе податоците со употреба на работилничка картичка; во тој случај само податоците релевантни за компанијата ќе им бидат врачени од страна на работилницата. Компаниската картичка е клуч за да се овозможи превземање на податоци, но таа не ги чува преземените податоци

5. Дали може да се инсталира дигитален тахограф на возило кое веќе е во употреба?

Да. VDO предвидува решенија за поголемиот дел од возилата кои се во употреба, ако производителот го дозволува тоа.

6. Дали е можно да се вози без возачка картичка?

Возило може да работи дури и ако не постои возачот картичка вметната во дигиталниот тахограф. Сепак дигиталниот тахограф ќе сними настан во својата меморија кој ќе биде видлив при секоја проверка(контрола). Возењето без возачка картичка на комерцијално возило е прекршок и возачот ќе биде казнет.

7. Дали има никакви околности, кога возилото може да се вози без возачка картичка?

Ако возачката картичка е загубена или украдена и возачот даде официјална изјава, нему му е дозволено да вози за максимум период од 15 дена. Тој мора да ја носи со себе изјавата за доказ и мора да прави дневни отпечатоци.

Кога возилото не се користи за комерцијални цели (како тестирање или за некои демонстрациски цели) возачката картичка не е задолжителна.

8. Како е можно да направам дневен отпечаток ако возилото е возено без картичка?

Во менито за печатење селектирај активности од возилото за одреден ден. Возачот мора да направи отпечаток на почеток и на крај од работниот ден и овие два отпечатоци да ги чува заедно.

- Кои се обврски на возачот?

Возачот мора да ја внесе својата картичка во дигиталниот тахограф секој пат кога ќе има потреба да го користи возилото. Сите лични податоци од возачот се снимаат во тахографот и податоците од возилото се снимаат на возачката картичка Возењето без картичка ќе активира настан и ќе биде неопходно да се докажува во случај на патна контрола или подоцнежна контрола.

9. Дали е можно да се превземаат податоци без употреба на компаниска картичка?

Не. Компаниската картичка е клуч за снимените податоци. Како и да е, ако е неопходно, овластена работилница може да ги превземе податоците со употреба на работилничка картичка; во тој случај само податоците релевантни за компанијата ќе им бидат врачени од страна на работилницата.

Компаниската картичка е клуч за да се овозможи превземање на податоци, но таа не ги чува преземените податоци.

10. Каде можам да извадам возачка картичка?

СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ има јавно овластување за имплементирање на системот за дигитални тахографи на територијата на Р. Македонија. Со поднесување на барање, лично, со препорачана пошта, или со пополнување на он-лајн барање, ја започнувате постапката за добивање мемориска картичка. На вашето барање ќе биде одговорено најдоцна 15 дена по датумот на поднесувањето. Цената на картичката е 32 евра, во денарска противвредност.