Германскaта минимална плата (MiLoG) - електронска регистрација

Ве информираме дека Германското министерство за финансии и Царинската администрација вооведуваат нова онлајн регистрaциона процедура, каде странските работодавачи ќе може да ги регистрираат нивните вработени испратени на привремена работа во Германија онлајн. Самата процедура не е промената.

Почнувајќи од 1 јули 2017, нотификациите во контекст на  германскиот MiLoG ќе мора задолжително да се направи електронски на порталот Mindestlohn-Meldeportal.  Транзициониот период во кој се прифаќаат и пораки по факс завршува на 30 јуни 2017.  Од 1 јули релевантниот факс број нема да биде во функција.

Со цел да бидат во можност по електронски пат да ги достават релевантните информации, компаниите треба да се регистрираат на порталот. Порталот (EN, DE, FR) може да се најде тука https://www.meldeportal-mindestlohn.de/Meldeportal/form/display.do?%24context=A6A5A081563068099452.

Инструкции за тоа како да се користи порталот достапни и на други јазици, може да се најдат на левата страна на екранот.

Документ "Прашања и одговори" за користење на електронскиот портал, исто така, е достапен тука: https://www.meldeportal-mindestlohn.de/Meldeportal/form/display.do?%24context=4DE9974DD4AB7D817112