Поврат на ДДВ

Едноставна процедура, зголемена добивка

Сите транспортни компании кои се  регистрирани како даночни обврзници можат да остварат право на поврат на ДДВ за одредени набавени продукти и услуги во странство.
СИЗ Македонија Сообракај -АМЕРИТ е ваш прифесионален  партнер  кој ви помага да го остварите правото на поврат на ДДВ  каде што му е местото- на вашата сметка.
Соработуваме со домашни и странски компании. На располагање сме за сите прашања во врска со повратот на ДДВ.

Нудиме квалитетна услуга:

- Поврат на ДДВ од сите европски земји во кои постојат услови
- Поврат на ДДВ за странски компании од Македонија
- Следење ДДВ регулатива
- Минимална административна процедура
- Најбрза можна постапка

Проценти на ДДВ од пооделните земји и минималните износи кои се потребни за да се аплицира за поватот на ДДВ на квартално и годишно  ниво:

земја

ддв стапка

квартално

 валута

годишно

валута

Австрија

20%                        

400                       

50

Белгија

21%                        

400                     

50

Бугарија

20%

400

BGN

50

BGN

Aнглија

20%

130

GPB

16

GPB

Данска

25%

3.000

DKK

400

DKK

Ирска

23%

400

50

Луксембург

15%

/

250

Норвешка 

25%

2.000

NOK

200

NOK

Полска

23%

1.600/400

PLN/€

200/50

PLN/€

Словенија

22%

400 (6месеци)

50

Финска

24 %

400

50

Франција

20%

400

50

Холандија

21 %

400

50

Шведска

25%

4.000

SEK

500

SEK

Србија

20%

/

/

200

                                                                                      

Регистрација за поврат на ДДВ
-Без грижа за формалностите ,регистрирајте се и заштедете пари

СИЗ Македонија Сообракај АМЕРИТ  овозможува:
- Регистрација за поврат на ДДВ во сите земјите од каде што вршиме поврат
- Средувањето на целокупната документација
- Контакти со странските даночни управи
- Навремено доставување на сметки до странските органи
- Навремена исплата на ДДВ

Периоди за доставување на документација
-Крајни рокови

Доколку се исполнети минималните износи за поврат на ДДВ вашите фактури може да се процесираат  квартално.
Фактурите за секој фискален квартал треба да се достават не подоцна од 15 дена по завршетокот на секој кавратал.

Квартал: Крај на квартал: Краен рок за испраќање фактури:
1 31 Март 15 Април
2 30 Јуни 15 Јули
3 30 Септември 15 Октомври
4 31  Декември 15 Јануар

Сите задоцнети фактури за определен квартал ќе се процесираат како дел од вашето годишно побарување. Сите фактури со кои се затвара годината треба да се донесат најдоцна до 31 март.

Сметките треба да ги содржат следните податоци:
- Датум на издавање (датум на фактура)
- Број на фактура
- Назив на снабдувач или назив на компанија, седиште и ДДВ идентификационен број
- Назив и количина на стоката или услугата
- Податоци на компанијата на клиентот
- Јасно изразено ДДВ и ДДВ стапка, нето износ на сума и бруто износ на сума на сметка

Оддел за поврат на ДДВ од странство
Тел: + 389(2) 3298967 лок.108