Центар за Обука

Центарот за обука на СИЗ „Македонија сообраќај“ – АМЕРИТ, како прв центар од овој вид, е отворен во 2007 година, а овластен е од страна на Министерство за транспорт и врски на РМ.

Во центарот се вршат следниве видови обука:

- обука за добивање сертификат за учество на возачите во меѓународен превоз;

- обука за добивање сертификат за професионална компетентност на управителот или на лицето овластено за превоз;

- обука за добивање сертификат за возачите кои превезуваат опасни материи (АДР сертификат);

- обука за добивање сертификат за советник при превоз на опасни материи;

- обука за часови за возење и одмор на професионалните возачи, и употреба на дигитални тахографи;

- обука за пополнување на ТИР карнети и користење на апликацијата ТИР-ЕПД.