ТИР

Потребна документација за прием во ТИР Системот

1. Влезна гаранција за прием во ТИР системот во износ од 5.000,00 USD (Гарантно писмо од осигурителна копанија).

2. Царински сертификат (Уверение за одобрување)

3. Решение од Централен регистар на Р. Македонија (не постаро од 6 месеци)

4. Оценка на ликвидноста со мислење од Централен регистар на Република Македонија

5. Лиценца за фирмата за меѓународен превоз на стока

6. Сообраќајни дозволи (камион, влекач и полуприколка)

7. Картон за депонирани потписи од банка

8. Лична карта на директорот

9. Полномошно за подигање и враќање на ТИР-карнети (доколку не ги подига/враќа директорот)

10. Потпишана Декларација за согласност за влез во ТИР системот, потпишана од управителот или основачот.

• Освен претходната документација, доколку транспортерот извршува превози во земјите од Европска Унија, потребно е да има EORI број, кој се добива на граничните премини на зeмјите членки на ЕУ, а најчесто нашите транспортери го добиваат на царинската испос- тава Евзони, кај шпедициите Стефанидис и Фарос. За да добиете EORI број, потребно е Тековната состојба од Централниот регистар да ја преведете на грчки јазик (од овластен судски преведувач) и истата да ја оверите на нотар.

• Исто така потребно е да имате специјален печат за ТИР карнетите. Формата, димензиите и содржината на печатот е следната:

MKD/065/1234 (Број од ТИР Системот)
IME NA FIRMA
1000 Skopje, R. Makedonija
Ul. Ime na ulica i br.
Tel. ++389 22222222
EORI: ABCD1234567890

Напомена: Печатот треба да е изработен со латинично писмо со максимална висина на отпечатокот од 22 милиметри.

1.1. 4-ЛИСНИ ТИР КАРНЕТИ - 2.670,00 денари

1.2. 14-ЛИСНИ ТИР КAРНЕТИ

I КАТЕГОРИЈА 5.350,00 денари
II КАТЕГОРИЈА 5.080,00 денари
III КАТЕГОРИЈА 4.950,00 денари

1.3. 6-ЛИСНИ ПП ТИР КАРНЕТИ – 2.890,00 денари

Продажни цени на ТИР Документација

1. Документација за прием во ТИР Системот ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СОГЛАСНОСТ ( 3 примероци ) со ТИР Прирачник за корисниците во комплет 170,00 ден.

2. ТИР Царински Уверенија за одобрување 45,00 ден. (Потребни се 2 примерока за 1 возило)

3. ЦМР-Товарен лист 150,00 ден.

4. Товарен лист за внатрешен превоз на стока 200,00 ден.

5. Патен налог за превоз на стока 110,00 ден.

6. Патен налог за превоз на патници 110,00 ден.

Цени за Автоден

Цената за авто ден е содржана во одлуката на ориентационата цена за товарен сообраќај. Цената за автоден изнесува 150 Евра. Одлуката за ориентационите цени може да ја добиете во TIR одделението. Оваа одлука е меродавна кон судските органи.

Потребни документи за добивање уверение за одобрување по ТИР Конвенција

1.Барање за ТИР Преглед - можете да го набавите во СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ.

2.Образец - Уверение за одобрување - во 2 примерока, можете да го набавите во СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ за цена 110ден.

Барањето и обрасците треба да се пополнат со латинично писмо.

3.Тековна Состојба -копија не постара од 6 месеци.

4.Сообраќајна книшка -оригинал на увид и копија.

5.Фотографии од возилото -во 4 примероци 2+2 дијагонално сликано во димензии 18x13мм.

6.Уплатница ПП50 од 350 денари -се пополнува за секое товарно возило,приколка или полуприколка во прилог е даден пример како се пополнува уплатницата.

7.Паркинг за ТИР преглед -паркингот на „ДЕНИ ИНТЕРНАЦИОНАЛ“ Скопје, 350ден се плаќа при паркирање на денот на прегледот.

А) За ТИР преглед на цистерна за превоз на опасни материи се доставува на увид АДР сертификат во два примерока 

Б) За ТИР преглед на ладилник се доставува АТП сертификат во два примерока.

В) За продолжување, се пополнува само барање (дозволено е само 20 дена пред и по истекот на рокот на ТИР уверението) во прилог со тековна состојба, копија од сообраќајна книшка и уплатница на 350 денари пополнета според  прикажаниот пример).

8. На возилото треба да бидат истакнати 2 идентични официјални ТИР таблици со димензии 250X400мм.
Прегледот се врши на 01-ви, 10-ти и 20-ти во месецот односно првиот работен ден после сабота, недела и празник во 08:30часот.
                                                                                                                         
ПРИЛОГ - пример како се пополнува УПЛАТНИЦА ПП50 ОД 350 ДЕН. за административна такса за ТИР преглед.

 

УПЛАТНИЦА ПП50
Повикување на број –задолжување                 722313
Цел на дознака                                                   Административна такса за
                                                                             ТИР преглед
Назив на примачот                                            Буџет на РМ
Банка на примачот                                             НБРМ
Сметка                                                                100 000 000 063095
Износ                                                                   350,00 денари
Уплатна сметка                                                840---03161
(се пишуваат трите шифри од општината каде живеете)
Приходна шифра и програма                        722313  00

ТИР-ЕПД

ТИР-ЕПД е апликација на ИРУ која им овозможува на корисниците на ТИР карнети, бесплатно да испраќаат пред-декларации за транспорт со ТИР карнети, исполнувајќи ги барањата согласно ЕУ/НЦТС/ТИР и ЕОРИ регулативите, како и одлуката бр. 899 на Комисијата на Царинската унија за задолжително доставување на информација пред пристигање на граница, со што значително се намалува времето на царинската процедура и чекањето на граници. Со една ТИР-ЕПД порака се најавуваат на сите попатни царинарници, заштедувајќи од 15-150 € со тоа што се избегнува потребата од шпедиции.
ТИР-ЕПД е во согласност и со Рамката на стандарди на Светската царинска организација.
                                                   
За користење на ТИР-ЕПД апликацијата, корисниците на ТИР карнети треба да побараат пристап од АМЕРИТ, и со добиеното корисничко име и лозинка да се најават преку интернет пребарувачот на страната https://tirepd.iru.org

АМЕРИТ врши бесплатна обука за користење на апликацијата.

ТИР-Електронска Пред Декларација може да биде испратена во 30 земји:

Afghanistan, Belarus, Belgium, Bosnia and Herzegovina, Bulgaria, Croatia, Czech Republic , Estonia , Finland ,France , Georgia ,Germany ,Greece , Hungary ,Iran , Italy, Kazakhstan, Kyrgyzstan, Latvia, Lithuania, Macedonia,  Moldova, Poland, Romania, Russia, Serbia, Slovakia , Slovenia, Turkey, Ukraine, Uzbekistan .