За Америт

Претпријатијата од областа на патниот транспорт во Република Македонија, заради остварување и унапредување на заедничките цели и интереси, организирани се во Стопанската интересна заедница за патен транспорт, согласно Законот за трговските друштва. Заедницата делува под името Стопанска интересна заедница за патен транспорт „Македонија Сообраќај “ АМЕРИТ - Скопје, со седиште во Скопје, бул. „Партизански Одреди бр. 17/4, ЕМБГ:5422884 и законски застапник Управител Емил Милев. Претежна дејност на Заедницата е 52.29 – Други придружни дејности во превозот. Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија Сообраќај АМЕРИТ е формирана во 2000 година, како наследник на деловната заедница за патен сообраќај Македонија Сообраќај, формирана во 1974 година, која пак произлезе од првото здружение на јавниот патен сообраќај, основано во далечната 1953 година.

Од 1993 стопанската интересна заедница е членка на меѓународната унија за патен транспорт ИРУ со седиште во Женева, преку која ги заштитува интересите на своите членки во меѓународните институции и форуми. Основачите и членовите на Стопанската интересна заедница се правни лица како од областа на превозот на стока, така и од областа на превоз на патници во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај. Стопанската интересна заедница во рамките на своите активности ги проучува прописите и стандардите во земјата и странство, изработува посебни анализи и стручни елаборати во врска со тековното работење и развојот на транспортните фирми, издава ТИР карнети, врши стручно оспособување на возачите за превоз на опасни материи, на советниците за безбедност при превоз на опасни материи, стручно оспособување за добивање на сертификат за учество на возачите во меѓународниот превоз на патници и стока, како и сертификат за професионална компетентност на управителот на транспортната фирма.

Во стопанската интересна аедница се организирани претпријатијата од областа на патниот транспорт во Република Македонија, а со цел остварување и унапредување на заедничките цели и интереси. Во овој момент заедницата има регистрирано 296 основачи-правни лица од јавниот патен сообраќај, како и 189 асоцијативни членови.